Тони Коњановски победи во првиот круг на локалните избори во Битола
Актуелниот градоначланик на Битола Тони Коњановски победи во првиот круг од локалните избори во Битола. Според Неофицијални податоци за Коњановски гласаа близу 51 процент од излезените гласачи, или речиси 18.800 гласа.
-Ова е победа на граѓаните на градот Битола“ рече Коњановски!
Неофицијално според партиски анализи и преброени гласови во Советот на Општина Битола мнозинство од 16 советници од вкупно 31 советничко место ќе има ВМРО-ДПМНЕ со близу 16.000 гласови. Зад нив со пет освоени советнички места е СДСМ, ПОИНАКУ 4 места, Левица 2 советници, и по еден советник добиваат ЛДП, ГРИН, ЗНАМ и ДУИ.