ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 ГОДИНА

Општина Битола ги повикува сите жители на градот и населените места активно да се вклучат во буџетскиот форум во заедницата, кој ќе се реализира во периодот октомври – декември 2025 година.
Целта на форумот е заедничко и транспарентно планирање на општинскиот буџет за 2026 година, преку предлози и идеи од самите граѓани.

🗓 Првата работна сесија ќе се одржи на
24 октомври 2025 година (петок), со почеток во 11:00 часот,
во Офицерскиот дом во Битола.

Општина Битола ги охрабрува сите заинтересирани граѓани, претставници на месни заедници, институции, здруженија и компании да учествуваат и да придонесат со свои предлози и мислења во процесот на создавање подобар и поквалитетен буџет за 2026 година.


1309

Задолжително

Verified by MonsterInsights