Јубилејно 40 издание на „Макфест“
Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ почна со кревање на макфестовското знаме кај хотелот Оаза. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов го означи почетокот со порака дека „Макфест“ останува симбол на Штип и на македонската песна.
-Оваа година одбележуваме 40 години постоење, јубилеј. Во име на тоа сакам да се заблагодарам на основачот на на овој фестивал Стојан Троицки, да се заблагодарам на сите уметнички директори, кои што низ годините наназад го одржувале „Макфест“, додавале вредност на македонската музичка сцена. Но, и на сите композитори и музичари, кои се поврзани со „Макфест“, кои низ годините наназад и оваа година се практично појавиле, овозможиле да се збогати македонската забавна музика, изјави Јорданов.
Во првите две фестивалски вечери публиката ужива во новите музички хитови, создадени специјално за јубилејното издание. Третата вечер, в сабота ќе биде посветена на незаборавните хитови, шлагери и победниците што се дел од 40 годишното постоење на „Макфест“.