12 години 3D Кино Битола – приказна за филмската магија во нашиот град

Поминаа 12 години од првата проекција на 3D Кино Битола. Тој ден беше исполнет со возбуда и радост, бидејќи многумина жители на Битола со нетрпение го очекуваа враќањето на киното во градот.

Првите филмови што беа прикажани беа „Штрумфови 2“ 3D, „Гравитација“ и „Вулверин“ 3D, кои веднаш го освојуваат вниманието на публиката.

Во изминатите 12 години, низ киното поминаа повеќе од 1.600 филмски наслови, беа одржани над 5.000 проекции, а повеќе од 400.000 посетители уживаа во магијата на филмот.

Фотографиите од првата проекција ја доловуваат атмосферата на отворањето – возбуда, насмевки и љубов кон киното која продолжи да расте низ годините.

Управата на 3D Кино Битола изразува благодарност до сите кои ја поддржуваа кинематографската сцена во градот и продолжуваат да бидат дел од приказната.


1140

Задолжително

Verified by MonsterInsights