Овој викенд се враќаме на зимско сметање на времето

Во ноќта меѓу сабота и недела, на 26 октомври, започнува зимското сметање на времето. Точно во 03:00 часот стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, па времето ќе се смета како 02:00.

Како што соопштува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, промената се врши согласно долгогодишната пракса за прилагодување на сметањето на времето и во согласност со европските прописи.

Зимското време секоја година почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март, кога повторно се преминува на летно сметање.

Овој режим го применува најголемиот дел од европските држави, со исклучок на Исланд, Русија и Белорусија. Иако Европскиот парламент уште во 2019 година изгласа укинување на сезонското менување на часовникот, конечна одлука од Советот на ЕУ сè уште нема.

Промената на времето е присутна и во делови од Северна и Централна Америка, додека земјите како Јапонија, Кина, Јужна Кореја и повеќето африкански држави остануваат на едно сметање во текот на целата година.


1182

Задолжително

Verified by MonsterInsights