МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА – ОТВОРЕНА НОВА МАКЕДОНСКА БИБЛИОТЕКА
Во Македонската православна црковна општина “Свети Димитрија Солунски” во Маркам свечено беше отворена новата македонска библиотека во организација на Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци” во Торонто.
Ова е петта по ред библиотека после оние во МПЦО “Свети Климент Охридски” во Торонто, МПЦО “Свети Илија” во Мисисага, МПЦО “Света Недела” во Ајџекс и МПЦО “Света Мала Богородица” во Кичинер.
Oвој проект беше инициран од Вера Вржовска Петревска која е и иницијатор на основањето на Македонското литературно друштвото “Браќа Миладиновци”, a библиотеката беше широкоградо поддржана со материјалната помош на донаторите Валентина и Дени Инџевски.
Свеченоста беше посетена од членови на друштвото, членови на управата на МПЦО “Свети Димитрија Солунски”, како и од останатите македонски цркви.
Поздравна реч одржаа иницијаторот Вера Вржовска Петревска, претседателот на црковната општина Жан Стојчески, претседателот на литературното друштво Зоран Карапанчев и свештениците отец Горан Ристески и отец Јован Босеовски.
Свеченоста се заврши со читање поетски творби од д-р Ристо Манџуков и Магдалена Иваноски.
Аирлија работа.