СТЕФАН ЃОРГИЕВСКИ – ШАМПИОН ВО МХ85 за 2025 година
Младата мотокрос гордост на Битола ја освои сезоната. Викендот што измина се оддржа и последната трка од Македонскиот Шампионат каде младиот и талентиран Стефан осмоодделенец ученик во ООУ Тодор Ангелевски официјално ја потврди својата шампионска титула за сезоната.
„,Се гордеам на оваа сезона — секоја трка беше предизвик, но и мотивација да бидам подобар. Благодарен сум на мојот тим, семејството и сите што беа со мене“, изјави Стефан по последната победа.