Окрупнување на здруженијата на иселениците од Македонија во Турција
Федерацијата на здруженија на иселениците од Македонија во Турција, е побогата за уште едно здружение. Имено, по изборот на старо нов претседател, Џемил Чубук и изборот на нови членови на Управниот одбор, Здружението на иселеници од с.Канатларци доенесе Одлука да се приклучи кон Федерацијата на здруженија на иселеници од Македонија. “Добредојдовте во нашето здружение. Се надеваме дека ќе биде успешна“, велат од Федерацијата на здруженија на иселеници од Македонија.