КБК Самурај од Битола освои 4 златни медали на Европскиот куп во Тешањ, Босна и Херцеговина
Од 24 до 26.10.2025, година во Тешањ, Босна и Херцеговина се одржа 19 ти по ред Европски куп Balkan Open Учествуваа вкупно 12 земји, со 79 клубови и 428 натпреварувачи. Кик бокс клубот КБК Самурај од Битола настапи со тројца натпреварувачи и освои 4 златни медали
-Леа Бошевска (KL -50 kg – 1 mesto) ( LC -50 – 1 mesto)
-Дамјана Пеовска (KL -70 kg -1 mesto)
-Мила Мартинез Крстиновска (KL -55kg Beginners – 1 mesto)
Тренерите на КБК Самурај, Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска, се задоволни од настапот на борците и ни изјавија дека ова е само почеток на есенскиот дел од натпреварите, бидејќи ни претстојат уште два големи турнири, и тоа во ноември во Словенија и декември во Ниш, Србија Веднаш потоа во февруари е нашето Државно првенство во Кик бокс. Продолжуваме понатаму, со уште посилни тренинзи.

