МИЦКОСКИ: Победа на народот и на вербата во подобра иднина

По убедливата победа на локалните избори, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека ова е победа на народот и на вербата во подобра иднина.

„Ова не е само партиска, туку заедничка победа – победа на надежта, трудот и копнежот за иднина. Народот покажа дека Македонија повторно е своја,“ изјави Мицкоски во победничкиот говор.

Тој нагласи дека резултатите се плод на единство и доверба, и дека „падна времето на поделби и локални шерифи“.

„Ќе убедуваме со дела, не со зборови. Ќе работиме за секој човек, без разлика кого поддржал,“ порача премиерот.

Мицкоски го истакна успехот во Кичево како симбол на промени и зрелост, а во завршницата најави дека утре заминува за Брисел – со порака дека „следи време на ред, работа и обнова“.

„Народот направи вистински избор. Македонија може да биде подобра, посилна и поправедна. Да живее и Бог да ја благослови Македонија,“ заврши Мицкоски.


1197

Задолжително

Verified by MonsterInsights