Мобилни тимови со бесплатна правна помош ќе ги посетат Скопје, Битола и Штип
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Управата за водење на матични книги, Министерството за дигитална трансформација и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, започна иницијатива за обезбедување бесплатна правна помош преку мобилни тимови во трите града – Скопје, Битола и Штип.
Граѓаните ќе можат да добијат стручна и бесплатна правна помош директно во подрачните канцеларии на Управата за водење на матични книги, без потреба од дополнителни административни постапки.
Проектот, кој има за цел да ја зголеми достапноста на правото и да им помогне на ранливите категории граѓани, ќе трае до декември 2025 година.
Граѓаните се повикуваат да го следат календарот на теренски активности, каде ќе бидат објавени точните датуми кога мобилните тимови ќе престојуваат во нивниот град.