Јошевски: Регионалната финансиска соработка е клуч за одржлив развој
На конференцијата Microbalkans 2025 во Дубровник, Никола Јошевски, генерален менаџер на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше во панел-дискусија посветена на усогласувањето на законодавствата со европските директиви.
Јошевски истакна дека иднината на финансискиот сектор не се состои само во прифаќање на европските правила, туку во градење на функционален екосистем што ќе овозможи стабилност, инклузивност и регионална конкурентност.
Настанот, одржан со поддршка на Европската унија, ги обедини експертите од Европа и Западен Балкан со цел унапредување на микрофинансиските услуги, дигиталната трансформација и финтех иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group ја потврди посветеноста на македонската компанија кон модернизација на финансиските услуги и зајакнување на економската интеграција во регионот.