Ректорот Неделковски прогласен за Амбасадор на културната соработка меѓу Македонија и Кина
Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, е промовиран во „Амбасадор на културната соработка меѓу Македонија и Кина“, како признание за неговиот придонес во унапредување на академските и културните врски меѓу двете земји.
Свеченото признание му беше врачено во рамките на Глобалниот дијалог на претседатели на универзитети, што се одржа од 5 до 7 ноември 2025 година во градот Чифу, родното место на Конфучије, во кинеската покраина Шандонг. Настанот го организираше Шандонг асоцијацијата за меѓународна размена на персонал (SDAIEP), во соработка со националната CAIEP.
Неделковски е еден од 15-те ректори и академски лидери од Европа и светот кои ја добија оваа почесна титула. Во рамки на форумот, УКЛО и SDAIEP потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвораат нови можности за академска и културна размена, заеднички проекти и иницијативи.
Во своето обраќање, ректорот Неделковски говореше за интеграцијата на меѓународните студенти и улогата на универзитетите во задржување на младите кадри во своите матични земји.