Средба Стерјовски – Дер Вале: Европска поддршка за правично општество и еднакви права за малцинствата во Албанија
Лидерот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, оствари средба со европратеничката Ракел Гарсија Хермида ван дер Вале во Леуварден, Холандија.
Како што информира Стерјовски, разговорот бил посветен на положбата на малцинствата во Албанија, со посебен акцент на македонското малцинство и неговите напори за зачувување на идентитетот, јазикот и културата.
На средбата било договорено преку Интергрупата за традиционални малцинства, национални заедници и јазици во Европскиот парламент да се иницираат активности за подобра заштита на малцинските права во Албанија, во контекст на европската интеграција и процесот на членство во ЕУ.
– Со заеднички ангажман и европска поддршка ќе придонесеме кон создавање на послободно, правично и инклузивно општество за сите малцинства во Албанија – порача Стерјовски во објава на Фејсбук.