БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР ПОВТОРНО НА БИТОЛСКАТА СЦЕНА!

Битолскиот дувачки оркестар на 13 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, ќе одржи голем концерт во Центарот за култура – Битола, под наслов „Take Five – Биг Бенд приказна“.

Публиката ќе има можност да ужива во фанк и џез инструментални композиции во изведба на оркестарот, како и во познати светски евергрини што ќе ги интерпретира гостинката Јасна Димитровска, чиј препознатлив глас и сценски шарм секогаш носат посебна атмосфера.

Влезниците се достапни на билетарницата во Центарот за култура – Битола.

Концертот е реализиран со поддршка од Општина Битола.


1148

Задолжително

Verified by MonsterInsights