KORUNOVSKA Music & Singing со ново музичко доживување во Битола!
На 16 ноември (сабота) со почеток во 19 часот, во НУ Завод и музеј – Битола ќе се одржи уникатниот настан „ОСЛОБОДИ ГО СВОЈОТ ГЛАС – Live band edition“, во организација на KORUNOVSKA Music & Singing.
Публиката ќе има можност да ужива во настапот на 12 нови гласови, поддржани од битолскиот бенд „Наш Бенд“, во вечер исполнета со енергија, автентичност и инспирација.
Настанот претставува патување од страв кон храброст, од контрола кон доверба, од тишина кон звук што вибрира со вистина — со цел секој учесник да го ослободи својот вистински израз преку музиката.
Билети и повеќе информации: korunovskamusic.org/bileti