Пакетомати во Македонија: Приватната поштенска индустрија е во подем

Веројатно сте ги виделе големите автомати на кои пишува пакетомат. Можеби погледот ви прелетал преку нив, можеби сте од скептиците што не му веруваат на пакетоматот, па свесно го игнорирате, а можеби сте меѓу оние што го користат. Во секој случај, заклучокот е дека курирската индустрија во земјава веќе извесно време оди во нагорна линија, не само според обемот на работа како резултат на растот на е-трговијата туку и според подобрувањето на квалитетот на услугите, а и во однос на следењето на глобалните трендови.

Пакетоматите се во сопственост на компанијата „Карго експрес“, која нуди брза курирска служба низ земјава повеќе од две децении. Основана во 2003 година, компанијата е еден од пионерите во секторот за логистика и курирски услуги во Македонија.  Oд компанијата велат дека фокусот не е само на брза туку и на паметна достава. Адаптацијата на технолошкиот напредок во логистичката индустрија, преку интегрирање софистицирани системи за следење и дигитални решенија за подобрување на транспарентноста и искуството на клиентите, а сега веќе и со развој на мрежа на пакетомати, овозможува компанијата да го рационализира работењето.

„Пазарот на поштенските и курирските услуги се наоѓа во период на големи промени. Развојот на технологијата, интензивното секојдневно користење интернет (друштвени мрежи, апликации) им овозможува на корисниците широка и брза достапност на стоки и услуги. Со тоа освен што се уриваат граничните препреки на трговската глобализација, исто така, се менуваат навиките на потрошувачите“, вели Билјана Глумац, управителка на „Карго експрес“, дополнувајќи дека денес цел и стратегија на една компанија е воведување т.е. имплементирање нови технологии што се релевантни за унапредување на нејзиното работење со цел да стане што поконкурентна на пазарот.

„Препознавајќи го потенцијалот на новите ‘паметни уреди’, тимот на ‘Карго експрес’ воведе нов проект – пакетомат или ‘locker’, со што уште еднаш потврдува дека останува доследен на унапредување во поштенскиот сектор преку иновативни пристапи и технолошки решенија“, вели Глумац.

Како практично функционира употребата на пакетоматите?

Пакетоматите се уште една придобивка од технолошкиот развој, бидејќи како „паметна машина“ обезбедуваат лесна и сигурна достава на пратките, со многу предности за корисниците.

„Оваа иновација му овозможува на корисникот да избере локација што нему најмногу му одговара, да изврши уплата (во случај ако тој треба да плати) преку електронско банкарство и по добиениот код преку смс-порака да ја подигне пратката. Кратко кажано, пакетоматите се уреди што на корисниците им овозможуваат самопослужување т.е. можат да ја преземат својата пратка во кое било време 24/7“, вели Глумац.

Пакетоматите функционираат речиси една година, откако беа инсталирани на крајот на 2024 година, а засега во функција се вкупно осум, од кои седум се поставени на повеќе локации во Скопје и еден во Битола.

„Развојот и афирмацијата на е-продажбата секако придонесоа за побрза дигитализација во логистичкиот сектор, а со тоа гледаме тренд на зголемување на популарноста на  пакетоматите“, вели Глумац, посочувајќи дека во наредниот период ќе се фокусираат на проширување на мрежата на пакетомати и интегрирање нови технологии што ќе овозможат уште поголема автоматизација и погодност за клиентите.

Гледано од еколошки аспект, смета таа, пакетоматите како самостојни уреди се најприфатлива, најисплатлива и најбрза опција за достава во модерниот свет, но и најчиста, со оглед на тоа што тие работат на соларна енергија.


1102

Задолжително

Verified by MonsterInsights