ЈАВЕН ПОВИК: „ЗИМСКА ПРИКАЗНА 2026“ – БИТОЛА ГО ПОДГОТВУВА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА

Општина Битола објави јавен повик за сите кои сакаат да бидат дел од празничната магија и да придонесат во создавањето на новогодишната атмосфера во градот. Под мотото „Зимска приказна 2026“, повикот има за цел избор на учесници што ќе се вклучат во организацијата и реализацијата на културни и туристичко-промотивни активности во пресрет на дочекот на Новата 2026 година.

Право на учество имаат домашни правни и физички лица кои дејствуваат во областа на културата и културниот туризам. Апликациите, заедно со потпишана изјава за согласност, може да се достават електронски на е-маил адресата: zimskaprikazna@bitola.gov.mk или во архивата на Општина Битола – шалтер бр. 3, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.

Селекцијата на пријавените настани ќе ја изврши Комисија за селекција и евалуација, формирана од градоначалникот на Битола, која ќе го утврди и конечниот распоред на програмата.

Целта на „Зимска приказна“ е да ја збогати понудата на јавни содржини, да создаде празнична атмосфера во градот и да привлече посетители преку комбинација од културни настани, музика, забава и туристички содржини.

Повеќе информации, како и потребните документи и критериумите за избор, се достапни на официјалната веб-страница на Општина Битола: www.bitola.gov.mk/zimska-prikazna-2026


1279

Задолжително

Verified by MonsterInsights