МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА И БУГАРИЈА СО СВОИ СТАВОВИ ПРЕД ООН ВО ЖЕНЕВА

Претставници на македонските заедници од Албанија и Бугарија деновиве активно учествуваат на Форумот за малцински прашања под покровителство на Обединетите нации, каде што ја презентираат состојбата со правата на Македонците во двете соседни земји.

Во текот на вчерашниот ден, лидерите на двете единствени политички организации што ги претставуваат Македонците во Албанија и Бугарија – Васил Стерјовски од Македонската алијанса за европска интеграција и проф. д-р Стојко Стојков од ОМО „ПИРИН“ – остварија работна средба со Специјалниот известувач на ООН за малцински прашања. На средбата присуствуваше и Златко Николовски, раководител на Постојаната мисија на Светскиот македонски конгрес во Женева.

Според информациите од учесниците, специјалниот известувач изразил охрабрување и разбирање за предизвиците со кои се соочуваат македонските заедници, нагласувајќи ја важноста од континуирано следење на нивните права.

На денешните сесии од Форумот, Стерјовски и Стојков повторно се обратија пред меѓународните претставници. Тие ги потенцираа системските проблеми со кои Македонците се соочуваат во Албанија и Бугарија и побараа појасни механизми за заштита на човековите и малцинските права.

Нивните излагања, како што беше оценето, имаат за цел да ја засилат видливоста на македонските заедници и да придонесат за подобри услови за нивно признавање и општествена рамноправност.


1102

Задолжително

Verified by MonsterInsights