ВО БИТОЛА СЕ ОДРЖА ГОДИШНА СРЕДБА НА АРХИТЕКТИ И АРХИТЕКТИ УРБАНИСТИ
Во организација на Комората на овластени архитекти и инженери, во Офицерски дом се одржа четвртата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти. Темата на годинешната средба е „Архитектурата утре“. Покрај претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Дејан Метикош, на средбата се обрати и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
„Инспириран од темата на оваа годишна средба, сакам да Ви порачам да останете креативни во „Архитектурата утре“ затоа што Вашиот потенцијал му е потребен на целото општество. Зградите што ги создавате, улиците и плоштадите што ги планирате, парковите кои ги осмислувате… се дел од нашето секојдневие, каде што живееме, работиме, учиме, рекреираме.. Колку е поквалитетен просторот околу луѓето, толку е поквалитетен нивниот живот, толку е подобро нивното здравје. Ете, затоа Ви оддавам признание за Вашиот придонес во општеството“, рече градоначалникот Коњановски.
На средбата присуствуваат голем број домашни и меѓународни експерти, кои со своите предавања, дадоа значаен продинес во оваа област, истакнувајќи ги визиите на архитектурата во нашата блиска иднина. Во рамките на средбата, ќе се одржи и проекција на документарниот филм „Начинот на Чипан“.