Шест медали за К.К. „Заншин До“ – Битола на меѓународниот меморијален турнир во чест на Игор Лазаров

1 злато, 2 сребра и 3 бронзи за К.К. „Заншин До“ – Битола на меѓународниот меморијален турнир во чест на Игор Лазаров

На меѓународниот меморијален карате-турнир во чест на Игор Лазаров, кој се одржа на 29 ноември 2025 година во ООУ „Антон Димитров“ во скопската населба Бутел, со учество на 759 натпреварувачи од 15 земји, К.К. „Заншин До“ – Битола освои вкупно шест медали: едно злато, две сребра и три бронзи.

Златниот медал во категоријата ката тим кадети–јуниори (машки) го освоија Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски. Сребрен медал во ката тим кадети–јуниори (женски) освоија Леона Алиловска, Елена Јончевска и Емилија Илковска, додека Елена Јончевска се закити и со индивидуално сребро во категоријата ката јуниори (женски).

Бронзени медали освоија Емилија Илковска во ката јуниори (женски), како и Давид Стојчевски и Михаил Марковски во ката јуниори (машки).

Тренерскиот тим изрази голема гордост од постигнувањата. Посочено беше дека ката дисциплината бара долгогодишна посветеност, а овие натпреварувачи тренираат веќе 10 до 12 години секојдневно. Од клубот истакнуваат дека резултатите се потврда за континуираната работа и развој, и најавуваат подготовка за следниот голем предизвик – Европското првенство кое ќе се одржи во Лимасол, Кипар, од 6 до 8 февруари 2026 година.


1117

Задолжително

Verified by MonsterInsights