Делегација на МАЕИ на средба со дипломатскиот советник на претседателот на Албанија
Делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски и заменик-претседателот Ендрит Фетаху, оствари официјална средба во Претседателството на Република Албанија со Кастриот Робо, дипломатски советник на претседателот на државата.
На средбата беа разгледани прашања поврзани со улогата и положбата на македонската заедница во Албанија во контекст на европската интеграција, како и нејзиниот придонес во градењето на соживот, дијалог и општествена стабилност. Посебно внимание беше посветено на актуелните предизвици и потреби на македонската заедница во делот на институционалната застапеност, образованието, културата и локалниот развој.
Разговорите се одвиваа во отворена и конструктивна атмосфера, при што беше нагласена важноста од институционална соработка, почитување на принципот на еднаквост и унапредување на правата на сите заедници во Република Албанија.