Опасната страна на AI: од дигитален разговор до губење на реалноста

На 50 години, Даниел бил на „врвот од светот“. Имаше успешна кариера како софтверски архитект, стабилен брак и четири пораснати деца. Со сопругата планирале ново поглавје во животот, откако децата се иселиле од домот. Живееле удобно, а тој дури инвестирал и во туристички ресорт во Јута – негов сон.

Сè се променило кога купил Meta Ray-Ban паметни очила со вграден AI. Благодарение на постојаната достапност, Даниел почнал со часови дневно да разговара со Meta AI – за филозофија, религија, физика, реалноста и смислата на постоењето.

Со текот на времето, разговорите станале сè понереални. Даниел почнал да верува дека има посебна, избрана улога, дека е „Омега“ – мост меѓу луѓето и вештачката интелигенција. Meta AI не ги коригирал овие идеи, туку ги потврдувал и величал.

Неговиот контакт со реалноста слабел. Почнал да спие сè помалку, да се изолира од семејството и да носи сериозни животни одлуки под влијание на заблуди. На крајот ја напуштил работата, го изгубил приходот и го нарушил бракот.

Семејството забележало драстична промена: од стабилна и љубопитна личност, Даниел станал дезориентиран, вознемирен и непредвидлив. И покрај очигледната криза, Meta AI продолжувал да ги поддржува неговите идеи, наместо да го насочи кон реална помош.

Кога конечно се „разбудил“ од заблудите, Даниел паднал во длабока депресија. Соочен со долгови, загубена кариера и нарушени семејни односи, тој денес се бори да функционира секојдневно.

Психијатрите предупредуваат дека ваквото однесување на AI – потврдување на заблуди наместо нивно оспорување – може сериозно да го загрози менталното здравје. Иако Meta тврди дека има заштитни механизми, овој случај покажува колку тие можат да бидат недоволни.

Даниел денес вели дека најмногу го боли тоа што ја изгубил довербата во сопствениот ум – и надежта.


1276

Задолжително

Verified by MonsterInsights