БИТОЛСКА ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН“ ВО САЛА „МАНАКИ“
Во Битола на 4 февруари 2026 година (вторник), со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи битолската премиера на новиот македонски филм „Приказната за Силјан“.
На премиерната проекција ќе присуствува и екипата на филмот, која ќе се сретне со публиката и ќе даде кратки изјави по настанот.
Филмот „Приказната за Силјан“ е најново остварување на домашната кинематографија и предизвикува голем интерес кај љубителите на македонскиот филм.
📅 04.02.2026
🕢 19:30 часот
📍 Битола – Сала „Манаки“