Македонската енергетика влегува во нова фаза со воведување на Intraday пазарот

Со потпишување на договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, официјално започнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market).

Станува збор за важен чекор во насока на модернизација на електроенергетскиот систем и негово усогласување со европските пазарни стандарди, што треба да придонесе за поголема флексибилност и ефикасност во тргувањето со електрична енергија.

Од надлежните институции посочуваат дека воспоставувањето на овој пазарен механизам може да донесе повеќе придобивки, меѓу кои се зголемена стабилност на пазарот, подобро управување со обновливите извори на енергија, како и поголема сигурност и транспарентност во работењето.

Имплементацијата на Intraday Market се оценува како дел од пошироките активности за интеграција на домашниот енергетски сектор во регионалните и европските пазари.


1177

Задолжително

Verified by MonsterInsights