Отворени податоци, подостапни од кога било: Новата фаза на data.gov.mk

Порталот data.gov.mk започнува нова фаза во користењето на отворените податоци со интеграција на првиот МДТ AI Асистент, развиен во соработка со Македонски Телеком и волонтери. Новото решение овозможува побрзо пронаоѓање податочни сетови, поставување прашања на разбирлив јазик и добивање јасни, структуриранo обработени одговори директно од јавните податоци.

Правото на пристап до информации од јавен карактер во Северна Македонија е гарантирано со закон, а објавувањето податоци во отворен и машински читлив формат носи дополнителна вредност за анализа, иновации и развој на нови услуги.

Отворените податоци значат слободен и бесплатен пристап без ограничувања, што придонесува за поголема транспарентност, ефикасност, еднакви можности и соработка меѓу институциите, граѓаните и бизнис-заедницата.

Со оваа надградба, data.gov.mk се позиционира како клучна алатка за подобри јавни политики и чекор напред кон паметна, дигитална и одговорна држава.


1141

Задолжително

Verified by MonsterInsights