ПРОМОТИВЕН ВАЛЕНТАЈН ВИКЕНД ВО ХОТЕЛ МОЛИКА

Во пресрет на празникот на љубовта, Хотел „Молика“ најавува Валентајн промотивен викенд, кој ќе се реализира во периодот од 13 до 15 февруари 2026 година.

Како што информираат од хотелот, за овој викенд е подготвена специјална понуда со намалени цени, наменета за сите кои сакаат да го одбележат Денот на вљубените во романтична и мирна атмосфера, во прегратките на Пелистер.

Понудата вклучува:

  • Полупансион по цена од 2.110 денари
  • Полн пансион по цена од 2.600 денари

Од Хотел „Молика“ истакнуваат дека станува збор за идеална можност за краток романтичен одмор, исполнет со природа, тишина и моменти за споделување со најблиските.

Промотивната понуда важи исклучиво за наведениот период.
За дополнителни информации и резервации, заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви +389 75 495 725 и +389 47 229 406, како и на е-поштата hmolika@t-home.mk.

Од хотелот порачуваат дека оваа Валентајн понуда претставува совршен подарок за сите кои сакаат љубовта да ја прослават во пријатен и романтичен амбиент.


1267

Задолжително

Verified by MonsterInsights