ФБ статус на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски

Ова е историски ден за битолската атлетика и АК „Олимп“. Клубот се ребрендира и ја доведе скоро цела македонската репрезентација во своите редови, јасно наметнувајќи ја улогата на лидер на атлетскиот спорт во земјата.

Сонот за Битола – спортски град веќе е реалност.

Јас и претседателот на советот, дадовме безрезервна поддршка за новиот почеток на АК „Олимп“.

Битола отсекогаш знаела да препознае кога нешто е сериозно. Денес гледаме сериозен клуб, сериозна визија и сериозен тим. Сакам јавно да потврдам:

проектот за изградба на тартан патека на градскиот стадион е одобрен. Ова не е никаква најава – ова е процес што веќе започнува. Со тоа, Битола не само што ќе го поддржи АК „Олимп“, туку ќе испрати порака дека сака да биде град на спорт, резултати и млади таленти.

Бојкоски вети дека атлетичарите ќе бидат следени, подржувани и мотивирани.

Претседателот на клубот, Никола Димитровски, го претстави проектот кој ќе ја промени иднината на клубот, а тренер на новиот бран атлетичари ќе биде Димитар Петровски.

АК „Олимп“ е основан во 1960 година и претставува еден од најстарите и најтрофејни атлетски клубови во Македонија.


1146

Задолжително

Verified by MonsterInsights