Македонија и САД постигнаа договор – Нула царини за американски стоки, 15% за македонски извоз во САД
Македонија и Соединети Американски Држави постигнаа согласност за нова рамка за реципрочна и избалансирана трговија, со која се предвидуваат значајни промени во економската соработка.
Според договорот, Македонија целосно ќе ги укине царините за американски индустриски и земјоделски производи. Од друга страна, САД ќе задржат тарифи од 15% за македонските стоки, со можност одредени производи да добијат нулта стапка.
Во енергетскиот дел, Македонија се обврзува да купува американски течен природен гас (ЛНГ) по завршувањето на новиот гасен интерконектор со Грција.
Договорот предвидува и Македонија да не воведува дигитален данок, како и да се отстранат бариерите за американски земјоделски производи. Дополнително, ќе се зајакне соработката во делот на безбедноста, контролата на инвестиции и извозот.
Следува финализирање и потпишување на документот за тој да стапи во сила.