Битола во фокусот на енергетската транзиција: Коњановски и Божиновска за нови политики, инвестиции и вештини на иднината

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која престојуваше во работна посета на Општина Битола.

Во фокусот на разговорите беше енергетската иднина на Битола, со посебен акцент на новиот Закон за енергетика и обврските што произлегуваат за единиците на локалната самоуправа. Соговорниците дискутираа за можностите за унапредување на енергетската ефикасност во јавните институции, како и за потребата од пошироко вклучување на индивидуалните објекти во процесот на подобрување на енергетските перформанси.

Дел од овие регулативи и мерки се интегрирани во Општинскиот енергетски план за 2026 година на Општина Битола, кој се очекува да се најде на дневен ред на наредната седница на Советот.

Во рамки на посетата, градоначалникот Коњановски и министерката Божиновска, заедно со Фатих Туркменоглу од Европска банка за обнова и развој, присуствуваа и на финалниот настан од програмата „Вештини на иднината“. Програмата е насочена кон унапредување на знаењата и вештините на вработените во АД ЕСМ, а настанот се одржа на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Со оваа посета, како што беше истакнато, се потврдува заложбата за координиран пристап меѓу централната и локалната власт во креирањето одржливи енергетски политики и поддршка на процесот на енергетска транзиција во регионот.


1153

Задолжително

Verified by MonsterInsights