Битола објави јавен повик за финансиска поддршка на спортот во 2026 година

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување финансиски средства од општинскиот буџет на спортски клубови, спортски здруженија и индивидуални спортисти за 2026 година. Со повикот, локалната самоуправа продолжува со поддршката на спортот и младите, обезбедувајќи средства за развој и унапредување на спортските активности на територијата на општината.

Право на учество имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и други физички и правни лица од областа на спортот, под услов нивното регистрирано седиште или живеалиште да се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Пријавите можат да се достават по пошта на адреса: Општина Битола, Булевар „1-ви Мај“ бр. 61, 7000 Битола, или директно во архивата на Општината, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, најдоцна до последниот ден од јавниот оглас.

Рокот за поднесување на апликациите започна на 25 февруари 2026 година и ќе трае заклучно со 11 март 2026 година.

Поднесените пријави ќе ги разгледува Комисијата за млади и спорт при Советот на Општина Битола, која согласно утврдените критериуми ќе ја одобрува висината на финансиската поддршка.

Според програмата за активности во областа на спортот и младите за 2026 година, предвидени се вкупно 3 милиони денари, од кои 2.000.000 денари се наменети за спортски клубови и здруженија, а 1.000.000 денари за индивидуални спортисти.

Повеќе информации за условите и потребната документација се достапни на официјалната веб-страница на Општина Битола.


1142

Задолжително

Verified by MonsterInsights