Јавен повик на Општина Битола: Поддршка за спортски клубови со деца од ранливи категории

Општина Битола објави Јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови и спортски здруженија на нејзина територија во кои членуваат деца од ранливи категории.

Кој може да аплицира?

Право на учество имаат спортски клубови и спортски здруженија во кои активно членуваат и тренираат:

  • Деца со попреченост
  • Деца од семејства корисници на гарантирана минимална помош (ГМП)

Повикот се однесува исклучиво на деца кои се запишани и активно тренираат во клубот или здружението до денот на објавување на јавниот повик.

Финансиска рамка

За оваа намена се предвидени вкупно 100.000 денари од Буџетот на Општина Битола за 2026 година, согласно Програмата за активности во областа на спортот и младите за 2026 година.

Средствата ќе се реализираат најдоцна до 31 декември 2026 година, а повикот се однесува на периодот јануари – декември 2026 година.

Рок и начин на аплицирање

Потребната документација се доставува во архивата на Општината или по пошта, во рок од 10 работни дена од денот на објавување на повикот, заклучно со 13 март 2026 година.

Условите и целосната документација за аплицирање се достапни на следниот линк:
https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-i-zdruzenija-2/


1124

Задолжително

Verified by MonsterInsights