Одличен старт на сезоната за К.К. „Заншин До“ – Битола: пехар и 37 медали на „Фуканоши Опен 2026“

Карате клубот „Заншин До“ од Битола со одлични резултати ја отвори натпреварувачката сезона, освојувајќи пехар и вкупно 37 медали на Балканскиот турнир „Фуканоши Опен 2026“, кој се одржа на 7 март во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во општина Кисела Вода, Скопје.

Битолскиот клуб настапи со бројна и мотивирана екипа, која се врати со четири златни, шест сребрени и седумнаесет бронзени медали, потврдувајќи го континуираниот напредок и квалитетната работа со младите каратисти.

Со златни медали се закитија Вероника Кочов, која имаше извонреден настап со мајсторска изведба во ката, како и ката тимот кадети–јуниори во состав Александар Божиновски, Надалина Талевска и Давид Стојчевски. Злато освоија и младите натпреварувачки Бојана Бошкова (2015 годиште) и Тамара Стојановска (2017 годиште), кои со сигурни настапи ја потврдија својата подготвеност.

Сребрени медали освоија: ката тимот жени составен од Алексеј Петковски, Јана Цветковска и Тамара Стојановска (2017/2018), Јана Цветковска во категорија жени 2018 годиште, Алексеј Петковски во ката машки 2018 годиште, Николај Петковски во ката 2016 годиште и во кумите до -38 кг, како и Давид Стојчевски во категоријата јуниори.

Со бронзени медали се закитија повеќе членови на клубот во поединечни и екипни категории, меѓу кои: Алексеј Петковски, Јана Цветковска и Илија Цветковски во ката тим 2017/2018, Николај Петковски, Бојана Бошкова и Јована Јовановиќ во ката тим 2015/2016, како и Леона Алиловска, Елена Јончевска и Емилија Илковска во ката тим кадети–јуниори. Бронзени одличја освоија и Дамјан Митановски, Илија Цветковски, Софија Неделковска, Тамара Стојановска, Ана Вучкова, Софија Стојковска, Теофан Ивановски, Бојана Бошкова, Николај Ивановски, Илина Шобевска, Каја Темелковска и Александар Божиновски.

Од клубот велат дека ова е одличен почеток на натпреварувачката година и изразуваат уверување дека следуваат уште многу успеси, со кои 2026 година ќе остане запаметена како една од најуспешните во историјата на клубот.


1182

Задолжително

Verified by MonsterInsights