Робот исплашил жена во Макао – полицијата го „приведе“

Една навистина необична сцена се случи во Макао – како извадена од филм, ама со малку комедија.

70-годишна жена си одела по тротоар навечер, мирно, како и секој друг ден. Главата ѝ била во телефонот – пораки, вести, што и да било. И кога на кратко го кренала погледот… имала што да види.

Веднаш зад неа стоел – робот.

И тоа не било мало играчка-роботче, туку вистински хуманоиден робот, модел Unitree G1, речиси како човек. Стоел мирно, ама доволно блиску за човек да се исплаши.

Жената се исплашила и почнала да вика. Рекла дека срцето ѝ чука како лудо. А и кој не би се уплашил – одиш сам по улица, а зад тебе одеднаш стои робот како од научна фантастика.

Во меѓувреме се собрале и луѓе околу нив. Некои гледале, некои се смееле, а некои веднаш извадиле телефони да снимаат.

Роботот, пак, само ги кренал рацете – како да вели: „Еј, полека, ништо лошо не правам“.

Набрзо дошла и полицијата. И тука се случи најчудниот дел – полицајците буквално го „привеле“ роботот и го тргнале од местото. Сцена како од некоја комедија: полиција, народ, и робот што мирно стои како осомничен.

Подоцна се покажа дека роботот припаѓа на еден едукативен центар и бил користен за промоција. Полицијата го вратила кај неговиот оператор, жената по лекарски преглед си заминала дома, а видеото експресно се проширило на интернет.

Луѓето се шегуваат дека ова можеби е првото „апсење“ на робот во историјата.

А поуката?
Понекогаш е добро да се крене поглед од телефонот…

чисто да провериш дали зад тебе стои човек — или робот.


1180

Задолжително

Verified by MonsterInsights