Се гради во Ротино: Патот до црквата добива нов лик!

Во селото Ротино започна реконструкцијата на улицата што води до црквата, проект кој има за цел подобрување на локалната инфраструктура и пристапноста до овој значаен објект.

Увид во текот на градежните активности изврши градоначалникот на Тони Коњановски, заедно со надлежните лица вклучени во реализацијата на проектот.

Според техничките параметри, патот е со должина од 706 метри и ширина од 3 метри, со банкини од двете страни. По поставувањето на тампониран слој со дебелина од 25 сантиметри, ќе следува асфалтирање со слој од 7 сантиметри. Вкупната асфалтирана површина ќе изнесува 2.119 квадратни метри.

Вредноста на инвестицијата изнесува 5.185.870 денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт, во рамки на вториот владин повик, каде Општина Битола доби најголем број одобрени проекти.

Од локалната самоуправа посочуваат дека реализацијата на овој проект е дел од пошироките напори за унапредување на инфраструктурата во руралните средини.


1214

Задолжително

Verified by MonsterInsights