Започна реконструкција на подрачното училиште во селото Крклино

Градежните работи на реконструкција на училишниот објект во селото Крклино официјално започнаа. Објектот функционира како подрачно училиште во состав на ОО „Александар Турунџев” од Кукуречани. Проектот се реализира преку соработка помеѓу Општина Битола и Министерството за образование и наука.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 3.380.097 денари. Финансиските средства се обезбедени преку вториот владин повик на Министерството за образование и наука, а реализацијата на проектот следува по иницијатива и барање на жителите на селото.

Опфатот на градежните работи предвидува целосна обнова на објектот. Надворешно ќе се замени кровната конструкција и ќе се реконструира фасадата. Во внатрешноста е планирана замена на подовите, монтажа на нова ПВЦ дограма и целосно молеро-фарбарско средување на просториите. Училиштето располага со две училници, канцеларија, ходник и санитарни јазли.

Денешниот увид во градежната динамика го изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со лицата одговорни за реализација на проектот.

Со завршувањето на реконструкцијата се очекува значително подобрување на условите за изведување на воспитно-образовниот процес за учениците од ова подрачје.


1145

Задолжително

Verified by MonsterInsights