Битола објави повик за волонтерски акции: до 30.000 денари по проект

Општина Битола објави јавен повик за доделување финансиски средства за реализација на волонтерски акции, во рамки на акцискиот план за развој на волонтерството.

Повикот се однесува на поддршка на граѓански организации кои ќе организираат активности насочени кон поттикнување на граѓанскиот активизам и зголемување на вклученоста на граѓаните во иницијативи од значење за локалната заедница. Од општината нагласуваат дека целта е унапредување на волонтерството и јакнење на општествената одговорност.

Рокот за реализација на волонтерските акции е до 15 декември 2026 година. За една волонтерска акција може да се доделат средства во висина до 30.000 денари, додека вкупниот буџет предвиден за оваа намена изнесува 400.000 денари.

Повеќе информации за повикот се достапни на официјалната веб-страница на општината.


1133

Задолжително

Verified by MonsterInsights