Коњички марш за 120 години сеќавање на Ѓорѓи Сугарев
Со пригодна програма, коњички марш и панихида, на 23 март 2026 година ќе биде одбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев.
Настанот е во организација на Општина Новаци, под покровителство на градоначалникот Стевче Стевановски и Советот на општината, предводен од претседателот Илче Трајковски.
Во рамки на чествувањето, најавено е учество на „Коњаницата на Костурска Чета-Битола“, која ќе реализира коњички марш од браната на РЕК Битола до манастирот „Св. Ѓорѓи“ над селото Паралово.
Главниот настан ќе се одржи кај вечното почивалиште на Сугарев, со следната агенда:
- 11:00 часот – Панихида
- 12:00 часот – Заедничка трпеза во манастирот „Св. Ѓорѓи“
Организаторите упатуваат јавна покана до сите граѓани, историчари и почитувачи на македонското револуционерно дело да присуствуваат и да оддадат почит на Сугарев и неговите соборци.
Ѓорѓи Сугарев е една од значајните личности од илинденскиот период, чие дело и жртва остануваат длабоко врежани во колективната меморија на македонскиот народ. Со вакви настани продолжува да се негува традицијата и да се одржува споменот на револуционерното минато.
