OЧЕКУВАНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 400 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО РЕГИОНОТ

„ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ“, „БОШКОВ МОСТ“ „АЛКАРАЗ”, ВЕТЕРНИОТ ПАРК, ГАСНИ ЕЛЕКТРАНИ МОЖАТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНАТА ЕНЕРГЕТСКА ИНИЦИЈАТИВА

Седумнаесетина инвестиции во енергетиката се во завршна фаза, во почетна или во некоја фаза на реализација коишто треба да креираат до кај пет илјади нови работни места, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски говореше и за иницијативата за регионално здружување за заеднички настап пред инвеститорите во енергетиката, бидејќи како што рече, иднината на регионот се инвестициите во енергетиката.

– Ако сами настапуваме, се плашам дека нема да бидеме препознаени од инвеститорите. Би рекол сумата којашто ја имаме на располагање во следниве 10 години, е огромна. И ако целиме на 0,01% од таа сума, тоа се отприлика четири трилиони американски долари. Тоа е отприлика 4.000 милијарди во следниве 10 години, коишто регионот ако се обедини може да понуди проекти за да бидат реализирани, ако добро се организираме, се разбира. Тоа е некаде отприлика по 400 милијарди годишно, замислете каква трансформација на општествата ќе настане -рече тој.

Тој направи споредба на овие бројки со вкупниот номинален БДП на шесте земји Западен Балкан.

–Ако имаме предвид дека сите 6 земји од Западен Балкан, коишто се во групата, вкупниот номинален бруто домашен производ им е околу 250 милијарди долари. Значи ова е многу над тоа што претставува вкупен номинален бруто домашен производ, а зборуваме само за 0,01%. Замислете што значи тоа за нашите економии и за нашите граѓани. Мислам дека треба да сме умни како регион, да се поврземе и да покажеме и докажеме дека можеме да соработуваме и дека знаеме да соработуваме и да понудиме заеднички проекти – рече Мицкоски.


1268

Задолжително

Verified by MonsterInsights