Рок до 1 април за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти во Општина Битола
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира заинтересираните инвеститори за роковите за поднесување иницијативи за вклучување нови енергетски објекти во Годишниот план за изградба на објекти за производство на електрична и топлинска енергија, како и за складирање на електрична енергија.
Согласно Законот за енергетика, рокот за поднесување документација до Општина Битола е 1 април, и се однесува на проекти со инсталирана моќност помала од 1 мегават.
За енергетски објекти со инсталирана моќност еднаква или поголема од 1 мегават, рокот за поднесување иницијативи до Министерството е 1 јуни.
Обрасците за аплицирање и потребната документација се утврдени во Правилникот за изработка на Годишниот план за изградба на енергетски објекти и се достапни на веб-страницата на Министерството.
Надлежните институции апелираат инвеститорите навремено да ја поднесат потребната документација, со цел непречено планирање и реализација на енергетските проекти.