Битола отвора шанса за бизнис: 23 атрактивни локации на шеталиштето на продажба

Општина Битола објави оглас за прибирање понуди за издавање локации за поставување урбана опрема на Градското шеталиште, наменети за комерцијално користење во периодот од 15 април до 15 октомври 2026 година.

Со огласот се предвидени вкупно 23 локации: четири под „Мезе Бар Јагода“, пет во близина на Детскиот парк и 14 долж шеталиштето кон градскиот базен. Локациите се наменети за поставување тезги или трицикли со површина од 2 квадратни метри.

Почетните месечни цени се движат од 2.500 до 5.000 денари по локација, во зависност од позицијата, при што дополнителните трошоци за комуналии, хигиена и електрична енергија не се вклучени и ќе бидат на товар на избраните понудувачи.

Право на учество имаат физички и правни лица со седиште во Битола, кои не се во постапка на стечај или ликвидација. Рокот за доставување на понудите е 7 април 2026 година до 12 часот, а истите се поднесуваат лично во архивата на Општината.


1175

Задолжително

Verified by MonsterInsights