Историски чекор: Македонија конечно се поврзува со сите соседи – стартува клучниот енергетски проект!
Премиерот Христијан Мицкоски го означи почетокот на изградбата на 400 kV далекуводот од ТС „Битола 2“ до граничниот премин Ќафасан, истакнувајќи дека со овој проект државата за првпат ќе биде целосно поврзана со сите соседни електроенергетски системи.
Станува збор за интерконективниот далекувод Битола–Елбасан, долг околу 100 километри, кој ја затвора последната енергетска врска во рамки на Коридорот 8 и овозможува поголема сигурност во снабдувањето со електрична енергија, стабилност за економијата и подобри услови за развој.
Проектот, кој се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој, претходно бил во застој, по што Владата го раскинала договорот со изведувачот и спровела нова постапка за избор согласно европските стандарди.
Од Владата посочуваат дека далекуводот е дел од пошироката европска енергетска мрежа и ќе придонесе за интеграција на обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка.