Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% продолжува до 20 април

Владата на Северна Македонија донесе одлука за намалување на акцизите на горивата на вонредна седница, со цел да се ублажи растот на цените.

Како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски, акцизата за дизелот се намалува за 4 денари по литар, додека за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара.

Истовремено, ДДВ-то за горивата останува намалено од 18 на 10 отсто до крајот на кризната состојба, односно до 20 април.

Дополнително, по договор со ОКТА, попустите ќе продолжат до крајот на април – 3 денари по литар за дизел и 2 денари за бензините.

Според владините пресметки, со овие мерки се амортизира евентуално зголемување на цените, при што дизелот ќе остане на приближно исто ниво, а бензините ќе бидат поевтини за околу 2 денара во однос на претходната недела.

Одлуката е донесена поради неизвесноста од глобалните енергетски текови и тензиите на Блискиот Исток, кои вршат притисок врз домашната економија.


1194

Задолжително

Verified by MonsterInsights