Нови електрани, нова сигурност: Планот на ЕСМ носи стабилен енергетски систем

Планирана е изградба на гасни електрани во Битола и Неготино, со вкупен капацитет кој, според директорот на ЕСМ Лазо Узунчев, ќе обезбеди доволно базна енергија за земјава во иднина. Во Битола се предвидува централа од 250 до 300 мегавати, додека во Неготино од 350 до 450 мегавати.

Узунчев во интервју за емисијата „360 степени“ изјави дека набавката на сопствена механизација за РЕК „Битола“ е веќе пропуштена можност и дека во овој момент нема економска логика за таква инвестиција, особено поради краткиот рок за користење на јагленот и недостигот од финансиска поддршка.

Според постојните обврски, термоелектраните на јаглен треба да бидат затворени до крајот на 2030 година, но ЕСМ ќе бара пролонгирање на рокот од меѓународните институции.

Паралелно, компанијата инвестира во обновливи извори, вклучително и проширување на ветерниот парк во Богданци и изградба на нови фотоволтаични електрани во Битола и Кичево.

Како дел од енергетската транзиција, постојните термоблокови ќе бидат конзервирани и ќе служат како ладна резерва, додека новите гасни капацитети ќе го заменат производството од јаглен и мазут.


1220

Задолжително

Verified by MonsterInsights