Нови проекти и нови животни во Зоолошката градина во Битола
Зоолошка градина Битола добива нов развоен импулс со најавени проекти и збогатување на животинскиот фонд, во пресрет на пролетно-летната сезона.
Градоначалникот Тони Коњановски ја посети градината, каде е најавена изградба на терариум и објект за копитари, проекти поддржани од Министерство за култура и туризам.
Директорот Жарко Тренковски информираше дека инвестициите ќе придонесат за подобрување на условите за животните, додека паралелно се спроведува и пролетно уредување на живеалиштата.
Во текот на денот се очекува пристигнување на нови животни од Зоолошка градина Скопје, меѓу кои мајмуни патас, лемури и коати, а во наредниот период, преку соработка со Зоолошка градина Белград, се најавени и бизон, антилопи, сервал и други видови.
Дополнително, планирана е и обука на вработените во Зоолошка градина Загреб, со цел унапредување на стандардите.
Зоолошката градина во Битола, единствена во регионот, останува атрактивна дестинација за посетители, особено за ученици од земјата и соседна Грција.




