Мицкоски ја „преполови“ инфлацијата – следуваат нови мерки за цените
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека со намалувањето на ДДВ за горивата и можноста за корекција на акцизите е спречено инфлацијата да достигне двојно повисоко ниво. Според владините проекции, таа за март ќе се движи меѓу 4,5 и 5 проценти.
Владата најавува нов пакет таргетирани мерки по празниците, со фокус на основните прехранбени производи, комбинирани со намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи. Паралелно, се подготвува и закон за построги казни против нефер трговски практики.