Силна порака за еднаквост и почит кон ромската заедница

Во организација на Здружението „Ромска ѕвезда“ од Битола, на Плоштадот Магнолија беше одбележан Меѓународниот ден на Ромите со културно-забавна програма.

Претседателот на здружението, Џевдет Џеловски, го честиташе празникот и се заблагодари за поддршката од општината. Од име на локалната самоуправа се обрати заменик-градоначалничката Марина Крстиќ, која порача дека 8 Април е симбол на борбата за еднаквост, но и потсетник дека предизвиците сè уште постојат.

Таа нагласи дека ромската заедница има значаен придонес во општеството и повика на поголема вклученост, инвестиции во образование и надминување на стереотипите. Настанот помина во духот на заедништво, со силни пораки за почит, солидарност и еднакви можности за сите.


1143

Задолжително

Verified by MonsterInsights