Голем успех за „Заншин до“: Млад тим до сребро во сениорска конкуренција!
На државното сениорско првенство во карате, одржано на 4 април 2026 година во ОУ „Крсте Мисирков“ во Скопје, карате клубот „Заншин до“ од Битола освои сребрен медал во дисциплината ката тим мажи. Тимот составен од Александра Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски го освои второто место, иако настапи со натпреварувачи од јуниорска возраст.
Битолскиот состав се претстави во одлично издание, покажувајќи високо ниво на подготвеност и квалитет, со што уште еднаш го потврди континуитетот на успешни резултати на каратистите од овој град.
Од клубот најавуваат дека ова е само почеток на сезоната. Следен предизвик е државното првенство за деца, кое ќе се одржи на 18 април, каде „Заншин до“ ќе настапи со седум натпреварувачи и ќе се бори за пласман на Балканското првенство.