Битола со швајцарска поддршка влегува во дигитална револуција!

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Водовод“ Андреј Гинов, одржа работна средба со претставници на швајцарската амбасада, посветена на унапредување на водоводниот систем во градот.

Во фокусот на разговорите бил проектот за модернизација и дигитализација на мрежата, кој предвидува воведување на SCADA систем, современи водомери и подобрена контрола на потрошувачката. Целта е намалување на загубите на вода, поефикасна наплата и подобрување на услугите, со посебен акцент на руралните средини.

Проектот, поддржан и од европски фондови, претставува почетна фаза од поширок процес за целосна дигитализација на водоводниот систем. Од локалните власти очекуваат дека инвестициите ќе донесат поодржливо и поефикасно управување со водните ресурси.


1241

Задолжително

Verified by MonsterInsights