Нова инфраструктура во Битола: Улицата „СРУ 5“ доби велосипедска патека и целосна сообраќајна сигнализација

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше за финализирањето на работите на новата улица „СРУ 5“. По завршувањето на асфалтирањето, екипите на Јавното претпријатие „Паркинзи“ интензивно работат на исцртување на хоризонталната и поставување на вертикалната сообраќајна сигнализација.

Јавното претпријатие „Паркинзи“ работи на поставување и бележење на хоризонталната и вертикалната сигнализација врз основа на одобрен сообраќаен проект за траен режим за оваа улица. Како што веќе информиравме „СРУ 5“ има и велосипедска патека, соопшти градоначалникот Коњановски.


1227

Задолжително

Verified by MonsterInsights